placeit_inbound_marketingОд 2006 година „Дојодвниот Маркетинг“ (Inbound marketing) е најефективниот маркетинг метод за вршење бизнис Онлјан.

Наместо стариот „Излезен Маркетинг Метод“(Outbound marketing) со купување на банери, купување на е-мејл листи и чекање да се појават нови интересенти – Дојдовниот Маркетинг се фокусира на креирање:

  • Квалитетна содржина преку блогови
  • Видеа
  • Е-книги
  • Е-билтени
  • Маркетинг преку социјални медиуми

кој што ќе ги привлекува луѓето кон твојата компанија и продукт.

Ако содржината која ја издаваш е еднаква на интересите на твоите клиенти, ти на природен начин привлекуваш „Дојдовен Сообраќај“ кој понатаму можеш да го претвораш, затвораш, а од време на време и да го воодушевуваш (Во следната статија ќе ги разгледаме овие 4 акции).

Четирите чекори Компаниите мора да ги преземат по ред за да добијат посетители, интересенти и најпосле муштерии. За сите од нив има алатки кои компаниите ги користат за да ги постигнат овие чекори. Некои од тие алатки како што е Е-мејл, може да бидат неопходни во повеќе од чекорите.

Со креирање на Содржина токму дизајнирана за да им се допадне на твоите муштерии од соништата, истата привлекува квалификувани потенцијални клиенти кон твојот бизнис и ги тера повторно да се навраќаат за повеќе.

Направи Мркетинг кој Луѓето ќе го сакаат

Со публикување на права содржина на право место во право време, твојот маркетинг станува релевантен и корисен за твоите корисници, не прекинувачки, односно кој не нѐ одвраќа од внимание. Тоа е маркетингот што луѓето ќе го сакаат.

Терминологијата Дојдовен и Излезен Маркетинг е слична со Маркетинг преку Содржина и е тесно поврзана. Разликата според мене е во тоа што Дојдоввниот Маркетинг има 4 чекори и е посѐопфатна метода која вклучува и Е-мејл Маркетинг и други акции.

Извор: HubSpot

Дали и ти применуваш некои од горенаведените методи за привлекување на Клиенти?
Дали мислиш дека има некој подобар и поефикасен начин за добивање на корисници Онлјан?
Ако веќе користиш Содржина за Маркетинг на твоите продукти и сервиси, колку често го правиш тоа?
Кој тип на содржина користиш? Колку често го правиш тоа?

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment