content-marketingДенес дури и најмалите бизниси можат да се рекламираат себеси на голем број онлајн корисници.

Мора да научиш како и што функционира најдобро во моментот онлајн. Можностите се големи, но најнапред потребно е да сакаш да направиш нешто повеќе за сопствениот бизнис.Можеш да создадеш база на потенцијални корисници и да испратиш емејл на сите од твојата листа за многу ниска цена. Маркетинг преку содржина го овозможува тоа. Креирањето на содржина на твојот Вебсајт континуирано може да привлече голем број на читатели кои можат да станат потенцијални клиенти.

Содржината која се креира мора да внесува некоја вредност за читателите.

Секогаш кога посетуваш некој сајт за вести, забава или пак некој блог,кој што нуди бизнис совети, ти посетуваш Вебсајт кој користи содржина за својот маркетинг. Маркетинг преку содржина може да го користи било кој тип на бизнис и е многу успешен за привлекување на нови клиенти, интересенти и нови членови.

Еве како функционира:

Креирај Вебсајт и рекламирај го и наполни го со бесплатна содржина која има вистинска вредност за твоите потенцијални клиенти, а истовремено овозможи им да вршат нарачка на производи, сервиси кои се поврзани со содржината и информациите кои ги пишуваш. На некои од твоите читатели ќе им биде потребна и професионална помош и некои од нив ќе те ангажират тебе. Со помош на Маркетинг преку содржина клиентите пред да те ангажираат ќе знаат сѐ за тебе и начинот на кој работиш, а со тоа и повеќе ќе ти веруваат.

Дали и ти користиш за твојот бизнис Маркетинг преку содржина? Сакаш да започнеш? Слободно контактирај не и Ивил ќе ти помогне во имплементацијата!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment