contentmarketingmarathonМаркетинг преку Содржина бара постојано и долготрајно креирање на содржина и нејзина дистрибуција.

Содржината што се креира треба да се постави на Корпоративниот Вебсајт и да се дистрибуира преку социјалните мрежи или пак преку Е-мејл.

Трка на долги патеки

За разлика од Маркетинг Кампањите со овој тип на маркетинг потребно е секојдневно планирање на содржината и се прави на долг период, сѐ со цел да се привлечат и да се задржат постоечките корисници.

Ако сакаш за својот Бизнис да започнеш со овој тип на маркетинг, немој да  бараш Маркетинг Кампања која ќе трае 15 дена или 30 дена. Овој тип на маркетинг е трка на долги патеки и треба да поминат можеби 6 месеци до 1 година за да ги  увидиш првите резултати. Но секако дека намерата и целта на овој тип на Маркетинг е да се стекнат лојални корисници кои ќе го шират твојот Бренд и ќе бидат негови најголеми фанови.

Потребно е да создаваш содржина која ќе внесува вредност за корисниците, која може да биде од забавен карактер, информативен, научен или ќе завршува некоја корисна задача за корисниците.

Со најновите промени на алгоритмите за пребарување голем број од светските агенции кои се занимаваа со SEO се преориентираат кон Маркетинг преку содржина затоа што за тоа се и промените кои ги направи Гугл. Да се креира релевантна содржина која ќе биде свеж извор на информации.

Зошто ти е потребен

На овој начин бизнисите треба преку своите Корпоративни Вебсајтови да покажат што работат, да ги запознаваат посетителите со нивната работа, да ги запознаат со производите и сервисите што ги нудат и да споделат нешто вредно за нив.

Секако кога ќе отвориш Вебсајт со содржина од пред 3 години ќе се запрашаш дали бизнисот е се уште во функција. Обратно, кога ќе отвориш Вебсајт на некој бизнис и на него ги најдеш сите последни информации и понуди за производите, прочиташ за некој настан како и статија која ќе те научи нешто ново веднаш тој бизнис ќе те привлече и заинтересира за негово повторно посетување.

Бидејќи е потребен долг период најдобро е да започнеш веднаш. Немој да губиш многу време за стратегија и концепција, креирај содржина и почни да ги мериш резултатите.

Дали користиш содржина за твојот Маркетинг? Дали сакаш да започнеш со Маркетинг преку Содржина? Ајде да го развиеме твојот бизнис Онлајн!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment