За да го подобриш рангот на Гугл мора да истражуваш клучни зборови.

SEO значи подобрување на твојот Вебсајт за Пребарувачите како што е Гугл.

Гугл нуди бесплатна алатка каде што можеш да истражуваш на кои клучни зборови да излегува твојата PPC платена реклама.

Во овој пост ќе видиме како да истражуваш за клучни зборови и објаснување за колоните во алатката на Гугл:

  • Средна Вредност на Месечни Пребарувања
  • Конкуренција
  • Наддавање

Број на месечни пребарувања за Клучни Зборови

Најпрвин мора да пронајдеме клучни зборови.

Во алатката за пребарувања во Google Adwords> Tools > Keyword Planer ќе направам пребарување на пример од претходниот пост:

“Unique Value Proposition” (забелешка: на англиски затоа што на македонски има многу малку пребарувања за било кој збор)

Наоѓање на нови клучни зборови

Треба да се префрлиш на табот за Keyword Ideas за да ги погледнеш резултатите за твојот Израз кој го пребаруваш.

Првиот Таб е за Ad Group идеи.

KeywordIdeas

Месечните пребарувања можеш да ги погледнеш за “Unique Value Propositions” ако поминеш низ иконката за график:

MonthlySearches

За овој клучен израз тоа се 1900 пребарувања во просек според статистиката на Гугл.

Конкуренција и колоната за Препорачано Надавање

Следните 2 колони се за колкава е конкуренцијата за тој клучен израз и колку пари да вложиш за тој клучен збор отприлика.

За овој клучен збор конкуренцијата е Ниска и препорачаната сума е 0.25$. Во продолжение ќе објаснам што ова значи.

Има уште една табела која ги прикажува сите релевантни изрази поврзани со твојот клучен збор што го бараше:

Релевантни клучни изрази Табела

Може да се сортира по колоните.

Проблемот е што колоната за конкуренција има 3 вредности:

  • Ниска
  • Средна
  • Висока

Од овие 3 вредности неможеш точно да донесеш одлука, но има решение. Читај понатаму.

На следната слика можеш да видиш како да ги експортираш резултатите во CSV формат (одделени со запирка) и да ги отвориш во Ексел на пример.

Симни во CSV формат

Во Ексел можеш да ја погледнеш вредноста на колоната за конкуренција во децимален формат од 0 до 1.

За UVP клучниот збор има 25 резултати, па затоа пребарав и за “Unique Selling Proposition” со 75 резултати и ги споив.

После тоа сортирав по колоната за Конкуренција каде можеш да забележиш дека почнува од 0 па блиску до 1.

SortByColumn1

SortByColumn2

Колоната за Конкуренција

Малку математика…

Кога има мала конкуренција (блиску до 0), а голема сума за надавање:

Мала Конкуренција Големо Наддавање

Кога вредноста во оваа колона е мала како на пример 0.05 тоа значи дека нема многу

рекламирачи кои се наддаваат за овој клучен збор

Па зошто е голема сумата за наддавање 2.2$?

Затоа што и еден да е кој се наддава ставил голема сум која е над 2$.

Па ако има на пример 1000 пребарувања за овој збор и 1 што сака да се рекламира за него со сума што ја вложил од 2$, за сите импресии или прикажувања ќе се прикаже неговата реклама.

Ако некој кликне на неговата реклама, Гугл ќе му наплати 2$.

Ако се појави и втор кој сака да се рекламира за овој клучен збор и ако вложи 2$ за истиот, тогаш бројот на импресии ќе се преполови за двајцата.

И за двајцата ќе се наплати по 2$ за клик на рекламата.

Значи во овој случај конкуренцијата е мала, само 2-ца се натпреваруваат за прикажувања.

Двајцата добиваат многу импресии или прикажувања, но цената на наддавање е голема и на двајцата се наплаќа по 2$ од клик.

Да ја видиме оваа ситуација:

Ако вториот рекламирач, заради малата конкуренција подеси помала сума за наддавање, на пример 0.5$.

Во тој случај ќе добие 200 прикажувања од 1000. Другите ќе ги добие првиот рекламирач.

Ако некој кликне на рекламат од првиот рекламирач, бидејќи има цена 2$, ќе му се наплати 2$ од клик.

Но, ако некој кликне на рекламата од вториот рекламирач со 0.5$, ќе му се наплати 0.5$ од клик.

За клучни зборови каде што има мала конкуренција (блиску до 0),

можеш да подесиш Цена за Наддавање< од Препорачаната цена за Надавање

Ќе добиеш помалку импресии, но исто така и ќе платиш помалку.

Ако пак, конкуренцијата е голема околу 1, тогаш мора да подесиш цена која е блиску до Препорачаната цена за Наддавање на Гугл.

За горниот пример за клучниот збор: Exit Strategy, конкуренцијата е 0.05 блиску до 0, така што можеш да се наддаваш пониско од Препорачаната цена од 2$. Можеш да пробаш со 0.5$ и да ги следиш резултатите.

Ако не можеш да се снајдеш со истражувањето на клучни зборови, а сакаш да се рекламираш на Гугл слободно побарај нè, ние ќе ти ја подготвиме твојата кампања!

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата: