googlerangСакам да излезам на прва страна на Гугл.

Многу мали и средни Бизниси го имаат ова барање кога ќе дојдат во Агенција чија дејност е Веб Развој, Веб Дизајн, Оптимизација за Пребарувачите (SEO) итн.

Зошто го бараат ова?

Тие знаат дека ако нивниот производ или пак услуга при нечие пребарување ако се појави меѓу првите 10 резултати на Гугл ќе ја зголемат можноста за продажба, за пронаоѓање на нивниот Бренд и негово зајакнување. Со еден збор нивниот бизнис ќе стане релевантен. Нивната компанија ќе ја зголеми довербата кај клиентите и нивниот Вебсајт ќе добие огромна посетеност.

Од ова гледаме дека бенефитите се големи, значи со појавувањето на првата страна при пребарување Гугл дава на бизнисите мерливи и немерливи бенефити.

Ако одиме по принципот: ако земаш треба и да дадеш нешто за возврат, што според мене е природно (не може само да земаш, а ништо да не дадеш 🙂 ) за да твојот Вебсајт се појави меѓу првите резултати на Гугл треба да се потрудиш да споделиш нешто вредно со твојата публиката, односно на оној кој пребарува.

Колку е ова лесно?

Да размислиме малку дали е лесно да излезеш прв на Гугл? Во светот постојат милиони сајтови кои секојдневно се борат за внимание. При секојдневното сурфање на Интернет сведоци сме на многу богати и прекрасно дизајнирани Вебсајтови полни со содржина, а сведоци сме и на Вебсајтови каде има 3 статични страни каде пишува нешто за компанијата и нивниот контакт.

Според ова кој Вебсајт ти би го посетил, оној од првиот пример или вториот?

Јас лично посетувам Вебсајтови кои се интересни за читање, каде секој ден можам да пронајдам нешто што е ново за мене, Вебсајтови кои нудат одредени сервиси и услуги кои ми вршат некоја работа.

Најчесто на овие Вебсајтови работат цели тимови како Веб Дизајнери, Веб Програмери, за содржината се грижат Маркетинг Тимови, CopyWriter-и, Фотографи итн.

Значи, за да излегуваш на првата страна на Гугл за некои клучни зборови или изрази потребно е твојот Вебсајт да го сфатиш сериозно и секојдневно да го полниш со релевантна содржина за твојата Публика.

Креирај секаков вид на содржина: Audio recordings,Blog posts,Book summaries,Brochures,Cartoons,Case studies,Charts,Cheat sheets,Comics,Comments,Comparisons,Contests,Creative stories,Custom software ,Customer reviews,Data and statistics,E-books,Email newsletters,Embedded tweets,Event information,FAQs,Files and spreadsheets,Flyers,Free guides,Full videos,Giveaways,Graphs,How-to guides,Illustrations,Infographics,Interviews,Lists,Live chats,Live-streaming video,Maps,Mobile apps ,Music videos,News,Newsletters,Online games,Photo galleries,Photos,Plug-ins,Podcasts,Polls,Portfolio pieces,PowerPoint or SlideShare presentations,Pricing sheets,Product demos,Product or service information,Questionnaires,Quizzes,Quotes and Inspirational messages,Ratings,Research or synthesized information,Reviews,ROI calculators,Sales sheets,Screencasts,Screenshots,Site tour videos,Software reviews,Specification or data sheets,Surveys ,Testimonials,Timelines,Webinars,White papers,Wikis,

и биди сигурен дека рангот на твојот Вебсајт постојано ќе расте.

[ois skin=”2″]

Дали и колку често внесуваш нова содржина на твојот Вебсајт? Каков тип на содржина користиш?

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment