placeit_contentmarketingЗа многу бизниси да се биде во чекор со дигиталниот свет изгледа недостижно. Мора да се има сопствен Вебсајт, Блог, да креираш содржина, но за повеќето од нив на ова се гледа како нешто што се мора, а не како нова можност која се отвора пред нив.

Започнувањето се одложува постојано и се јавува сомнеж. Како да се фати чекорот кога постојат милиони Вебсајтови Онлајн, уште толку блогови и уште милиони и милиони е-мејл пораки кои се испраќаат секој ден?

И многу прашања од типот:

  • Која технологија да ја користам
  • Дали ќе знам сето тоа да го направам
  • Како ќе се рекламирам

Сето ова те спречува за да го направиш првиот чекор.

Постојат и други предизвици:

– Како да најдам време за креирање на содржина и истата да ја промовирам и да ја оптимизирам за пребарувачите? Кога би го правел сето ова покрај секојдневните обврски во фирмата: треба да правам понуди, да одговарам на е-мејл пораки и телефонски повици, да одам на состаноци?

– Многумина од нас се родени кога не постоеле Фејсбук, Гугл и Смарт технологија и полесно ни е да ги користиме старите навики како телефон и печатени медиуми одошто новите начини на рекламирање како Фејсбук и Гугл.

Полесно ни е да зборуваме за нашите продукти и сервиси одошто да чуеме што мислат корисниците за нив.

Значи треба да ги напуштиш и старите навики во дигиталниот свет.

Како да започнеш со Содржина

Направи листа од прашања.

Откако ќе ја направиш листата, откриј ги одговорите и постави ги јавно, постави ги на твојот Вебсајт. Многумина се плашат да ги откријат одговорите и си ги чуваат информациите само за себе. Мора да ја направиш содржината бесплатна и лесно да се споделува. Значи земи ги одговорите и објави ги на твојот Блог.

Креирај електронска книга

Со текот на времето можеш да ги класифицираш твоите постови и да издадеш електронска книга. Бројот на страни не е најважен, постојат електронски книги и по неколку страни.

Изгради своја сопствена Е-мејл листа

Ова е еден од најпотребните чекори во дигиталниот свет. Листата ќе биде твоја сопственост. Прибери е-мејл од секоја симната електронска книга. Ние овде во ИВИЛ користиме Mailchimp но има и други е-мејл платформи кои можат да ти помогнат со Е-мејл маркетинг. Листата која ќе ја изградиш користи ја за комуникација со потенцијалните клиенти.

При креирање на содржина за твојот Бизнис најважно е да се концентрираш на проблемите кои ги имаат корисниците. За нив најважно е што можат твоите продукти и сервиси да направат за нив.

Па време е да започнеш со Маркетинг преку Содржина. Резултатите не доаѓаат веднаш, нив може да ги согледаш дури и по една година.

Дали користиш Маркетинг преку Содржина? Испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment