placeit_mailchimpЕдна од најмоќните Онлајн маркетинг алатки која станува се поефикасна и по софистицирана е Е-мејл маркетинг алатката. Бизнисите во светот се повеќе ја користат, а бенефитите се огромни.

Може веќе ја знаеш и си го видел нивното лого, Mailchimp е алатка со која лесно и брзо можеш да ја креираш твојата следна Е-мејл кампања.

Што може да направи Mailchimp за тебе? 🙂

Многу работи за кои можеби е невозможно сам да ги направиш. Според мене најголем бенефит е тоа што сите мејлови се испраќаат преку нивните сервери и не мора да се секираш за Спам и Блеклисти.

Но, секако Mailchimp нуди многу опции кои ќе ти олеснат во твоите Маркетинг заложби.

За да не ги набројувам, најдобро е да започнеш со негово користење. Има и други вакви платформи како: Aweber, некои го преферираат него, но целта овде ми е да ги претставам како опција за да почнеш да ги користиш, а не да фаворизирам некоја алатка.

Листи и Кампањи

Идеата е да креираш е-мејл листи, бројот не е ограничен. На креираната листа се зачленуваат корисници, односно ги оставаат нивните е-мејлови.

Следниот чекор е на листата да се испрати е-мејл порака. Тоа се прави со креирање на Кампањи. Кампањата може да се испрати на цела листа или пак да се испрати на дел од листата итн.

Аналитика

Една од големите предности е што овие алатки нудат Аналитика и графички приказ на корисници кои се зачленуваат на твоите листи како и резултатите од испратените кампањи.

За една кампања можеш да видиш:

  • колку луѓе ја отвориле истата
  • кои се тие корисници
  • колку од нив кликнале на некој линк
  • локација од каде е кликната итн.

Сето ова ќе ти помогне во донесувањето на одлуки за твојот Бизнис и за подобрување на истиот. Ако имаш потешкотии со креирањето на кампањите или пак сакаш ефективена Маркетинг порака, Побарај не!!!

Како испраќаш мејлови за твоите Е-мејл кампањи? Која алатка ја користиш? Дали си задоволен со резултатите? Испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment