Еден брз начин како да ги запознаеш луѓето со тоа што го работиш

Ако си и ти еден од оние кои имаат сопствен бизнис, сигурно сакаш да ја прошиш својата идеја на што поголем број на луѓе.

Но, сигурно и ти како и многу други бизнис луѓе си увидел дека ширењето на твојата идеја оди тешко.

Како изгледа тоа најчесто? Continue reading “Еден брз начин како да ги запознаеш луѓето со тоа што го работиш”

Сподели ја статијата:

Како да истражуваш клучни зборови на Гугл

За да го подобриш рангот на Гугл мора да истражуваш клучни зборови.

SEO значи подобрување на твојот Вебсајт за Пребарувачите како што е Гугл.

Гугл нуди бесплатна алатка каде што можеш да истражуваш на кои клучни зборови да излегува твојата PPC платена реклама.

Во овој пост ќе видиме како да истражуваш за клучни зборови и објаснување за колоните во алатката на Гугл:

  • Средна Вредност на Месечни Пребарувања
  • Конкуренција
  • Наддавање

Continue reading “Како да истражуваш клучни зборови на Гугл”

Сподели ја статијата:

Како да креираш Единствена Вредносна Порака (Unique Value Proposition) за твојот Вебсајт?

Единствена Вредносна Порака Фото

Има доста добри статии поврзани со оваа проблематика, но јас ги сумирав главните поенти од повеќе извори.

Претходно, напишавме една статија за Уникатна Маркетинг Порака, но повеќе со акцент на диференцијацијата.

Што е Единствена Вредносна Порака?

Една од најголемите причини зошто бизнисите се соочуваат со потешкотии во денешниот пазар е затоа што имаат слаба вредносна порака.

Многу од продуктите или сервисите на овие бизнис, напротив, имаат екстремно висока вредност.

Но, тие не можат да ги артикулираат овие вредности во вид на зборови кои ќе ги привлечат нивните клиенти.

Работата не е завршена само затоа што си изградил нов, подобар продукт.

Continue reading “Како да креираш Единствена Вредносна Порака (Unique Value Proposition) за твојот Вебсајт?”

Сподели ја статијата:

SEO Македонија: Како не пронајде последниот клиент

seo-macedoniaSEO Македонија или seo mk или seo makedonija или Search Engine Optimization mk е начинот да пребараш нешто тука кај нас, а да не ти ги извади резултатите поврзани со SEO.

Кај нас и онака има многу малку пребарувања и никој нема да пребара на македонски СЕО.

Јас, обично, за да пребарам некој англиски израз, а да ми ги даде резултатите што се во нашава земја или пак Хрватски или Српски, после клучниот збор внесувам и код од земјата. На пример:

SEO mk,

а ако не сум задоволен од резултатите или нема ништо наше, продолжувам со SEO macedonia.

Што е Search Engine Optimization?

Тоа е начин како да ги креираш своите Статии или Веб страни и кои правила да ги следиш сè со цел, рејтингот на таа страна кај Пребарувачите да ти е поголем.

Кои познати пребарувачи ги знаеш?

Continue reading “SEO Македонија: Како не пронајде последниот клиент”

Сподели ја статијата:

Како Анастасија го прошири бизнисот со Фејсбук рекламирање

Anastasija

 

Проблемите во Бизнисот на Анастасија

Анастасија има свој бизнис и продавница за продажба на рачно израбтени плетени наметки, џемпери и додатоци на гардероба. До сега таа го користеше нејзиниот Вебсајт за да ја презентира нејзината работа и производи и сето тоа го споделуваше на Фејсбук, како социјална мрежа која најмногу ја познава.

Тоа и помогна во стекнувањето на лојални купувачи, кои ја познаваат нејзината продавница и нејзините производи. А, од друга страна добива и нови клиенти по препорака на старите, но тој збор од уста-на-уста некако бавно се шири. И сето тоа не и е доволно за да ги покрие сите трошоци кои ги генерира нејзиниот бизнис. Затоа и треба алтернативен начин за да можат повеќе луѓе да дознаат за нејзините рачни изработки.

Како да ги реши?

Решение за да го постигне тоа е да започне со рекламирање на својот бизнис. Но, нејзиниот буџет за рекламирање на нејзините производи е ограничен. Таа не може во овој момент да си дозволи да се рекламира на телевизија, ниту пак, на радио. А од друга страна и тој буџет кој го има издвоено мора да го искористи паметно.

Кого да таргетира?

Нејзе и е потребно точно определена публика да ја види нејзината реклама, не и е потребен секој. Затоа што од досегашното искуство, а и од досегашната нејзина работа нејзини муштерии се жени на возраст од 25-50 години кои се интересираат и за козметика затоа што доста голем дел од жените од нејзината продавница веднаш влегуваа во соседната продавница за козметика.

Можните решенија

Една нејзина пријателка, ја посоветува да стави банер на некој Вебсајт наменет за жени, како поевтина варијанта за рекламирање онлајн, и Анастасија помисли дека тоа е добра опција.

Таман да се одлучи да контактира еден таков Вебсајт, кога и се појави реклама на нејзиниот Фејсбук профил за некоја статија од тој Вебсајт.

Таа си помисли: „Зошто би се рекламирала јас на овој Вебсајт кога и тој се рекламира на Фејсбук? Не ли е попаметно да го искористам и јас рекламирањето на Фејсбук?“

Си помисли, па јас го користам Фејсбук доволно долго време, знам како функционира, зошто да не можам една кампања да напавам сама.

Но, таа не знаеше што опфаќа Фејсбук рекламирање. Досега немаше испробано такво нешто.

Не дека не сакаше, но немаше време за тоа, затоа што имаше премногу работа. А и не знаеше од каде да почне.

Ги разгледуваше рекламите кои и се појавуваа и заклучи дека тие реклами треба да имаат квалитетен текст и слика за да ги заинтересираат оние до кои стигнуваат рекламите.

Проба да креира сама содржина, но некако не и одеше. Се најде неквалификувана за тој дел и реши да не експериментира, ни со времето, ни со парите.

Среќниот крај

Затоа реши да побара професионална помош.

Се јави во Дигиталната агенција која нудеше сервис „Фејсбук Рекламирање“, а која најчесто ја гледаше на реклама на Фејсбук. Ја имаше забележано од многу порано, ја следеше и ги применуваше нивните совети за онлајн маркетинг за нејзиниот Вебсајт и социјални мрежи. Но, до сега не чувствуваше потреба дека и треба помош.

Го објасни нејзиниот проблем, нејзинито бизнис, нејзините заклучоци и нејзините цели.

Дигиталната агенција креираше кампања за нејзиниот бизнис и производи и ја пушти во продукција кампањата, откако направи соодветно таргетирање на публиката до која требаше да стигне пораката. Константно ја анализираше кампањата заедно со Анастасија, и постојано ја подобруваше истата со цел да ги постигне целите кои ги имаше зацртано Анастасија.

Оттогаш па наваму, бизнисот на Анастасија се прошири. Секој ден има и нови и лојални клиенти. Таа отвори уште еден дуќан и успеа да вработи две девојки кои сега и помагаат во работата.

Дел од новите клиенти доаѓаат по препорака, но не го заборава и Фејсбук рекламирањето.

Чисто за да ги потсетува луѓето за нејзиниот бренд, за да знаат дека е тука дека е присутна и дека се развива.

Убава успешна приказна, нели?

Ако сакаш да си дел од ваква приказна, контактирај нè. И за тебе можеме да креираме Фејсбук кампања. А ќе ти дадеме и совети за најдобри практики како да ти биде успешна кампањата.

Искористи ја нашата експертиза и

Започни со ефикасно Фејсбук рекламирање за ширење на твојот Бизнис

[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

3 прашања што ќе си ги поставиш за Маркетинг преку Содржина: без да го знаеш одговорот

What is Content MarketingМаркетинг со Содржина е онлајн маркетинг техника со која ги привлекуваш и ангажираш посетителите преку креирање на Содржина.

Во многу дефиниции за Маркетинг преку Содржина се разгледува и прашањето „Каква содржина да се креира?“, со одговор: Треба да креираш содржина која внесува некоја вредност кај корисниците.

Но, според мене најважно е:

Ако сакаш да користиш Маркетинг со Содржина мора да креираш Содржина.

Што значи ова? Ова значи дека мора да креираш содржина за да ја користиш оваа техника, без оправдувања. Оваа техника неможе да постои без да креираш содржина.

Каква содржина?

Содржина која ќе ги привлече корисниците да ја користат. Значи, твоја задача е да ја креираш со надеж дека ќе внесе вредност кај корисниците. Но, не мора да значи дека ако ја креираш со надеж дека ќе внесе вредност, дека така и ќе биде.

Оние кои почнуваат со креирање на Содржина веднаш ќе си ги постават овие прашања:

  • За што да почнам да пишувам?
  • Каков тип на Содржина ќе ги ангажира повеќе корисниците: Блог статии, Видеа, Слајдови…?
  • Колку содржина е потребно да креирам?

И најважното прашање: Дали ова функционира?

Иако на прв поглед изгледа тешко да се одговори, одговорите на овие прашања се едноставни и интуитивни.

Дозволи ми да ги одговорам овие 3 прашања:

За што да се пишува?

Треба да креираш Содржина која ќе ги ангажира корисниците и внесе некоја вредност за нив, а тоа е…

Размисли и Запиши 3 работи од твојата област (индустрија) кои мислиш дека ќе ги ангажира твоите посетители.

Насока: Кои прашања ти ги поставуваат клиентите најчесто? Дај им го одговорот.

Каков тип на Содржина да креирам?

Можеш било каков тип да креираш:

  • Blog Posts
  • Videos
  • Audio Podcast
  • Webinars
  • Slide presentations
  • Case Studies
  • White Papers etc.

Што е најпогодно за тебе и во твојата област? Ти кажи ми 🙂

Можам да ти дадам совет, но најдобро е сам да пробаш.

Колку содржина е потребно да креирам?

Креирај. Промовирај. Анализирај ги резултатите.

Креирај. Промовирај. Анализирај ги резултатите.

Креирај. Промовирај. Анализирај ги резултатите.

 

Маркетинг преку Содржина е за креирање Содржина и потребно е да е забавно.

Ако не ти претставува задоволство и не ти е забавно и те фрустрира, немој да почнуваш.

Креирањето на содржина зазема време. Ако сакаш да ја користиш оваа техника, значи дека веќе имаш време.

А ако имаш време за ова, можеш да креираш содржина секој ден.  Па затоа, креирај Секој ден.

А дали функционира ова?

На ова прашање можеш и сам да дознаеш (не многу брзо), но за некои 3 до 6 месеци ќе имаш доволно резултати за да знаеш дали функционира. Пробај и извести ме, затоа што не можам да кажам точно дали работи за твојот Бизнис.

 

Ако немаш време. Ние имаме.

Што ти треба да почнеш?

Најпрвин тие потребна Маркетинг Платформа за едноставно да можеш:

  • Креираш
  • Дистрибуираш
  • Промовираш
  • Контролираш 🙂
  • Споделуваш
  • Анализираш Резултати

Побарај не и ќе направиме Стратегија за Креирање на Содржина.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата: